Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    14.04.2026 во 10:59

    Хаос на европските аеродроми: Новиот биометриски систем „ЕЕS“ ги зароби патниците во повеќечасовни редици

    14.04.2026 во 10:46

    Доаѓа голем празник: Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води

    14.04.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски
    • Хаос на европските аеродроми: Новиот биометриски систем „ЕЕS“ ги зароби патниците во повеќечасовни редици
    • Доаѓа голем празник: Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води
    • Најава за пеколно лето: Температурите во Македонија ќе надминуваат 40 степени
    • Ќе нема струја седум часа: ЕВН најави неколку исклучувања
    • Македонка уапсена во Загреб: Измамиле старица за 40.000 евра со приказна за „итна операција“
    • СДСМ: Македонија е во медиумски мрак поради контролата на ВМРО-ДПМНЕ и влијанието на Орбан
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да пишува статуси за Унгарија, да ја вади партијата од „живата кал“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    14.04.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност.

    „Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата,“ истакна Филипче.

    Тој потенцираше дека оваа победа има силна регионална порака.

    „Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува. Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија. Доаѓа време на правда и одговорност.“ рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека падот на режимот на Виктор Орбан е директно поврзан со политичките и бизнис врски што ги градеше ВМРО – Организирана криминална група во Македонија.

    „Владата на Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси. Телекомуникациите, енергетиката, медиумите – сè беше поврзано со кругот на Орбан,“ рече Филипче.

    Претседателот Филипче додаде дека со падот на Орбан ќе се отворат и прашањата за бизнис-релациите и додаде дека СДСМ ќе бара целосна истрага за сите бизнис комбинации.

    „Со падот на Орбановиот режим во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на светло. СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Доаѓа време за вистина, правда и одговорност.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Популарно

    Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    14.04.2026 во 10:59

    Хаос на европските аеродроми: Новиот биометриски систем „ЕЕS“ ги зароби патниците во повеќечасовни редици

    14.04.2026 во 10:46

    Доаѓа голем празник: Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води

    14.04.2026 во 10:38

    Најава за пеколно лето: Температурите во Македонија ќе надминуваат 40 степени

    14.04.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.