Close Menu
Press24
    Најново

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете

    29.05.2026 во 15:31

    Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29.05.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам
    • Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете
    • Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии
    • Руте за паднатиот руски дрон во Романија: Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас
    • Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи
    • Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
    • Костадиновски за Нова Македонија: Кога политиката сака послушен суд има проблем со Уставот, а не со судиите
    • Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да пишува статуси за Унгарија, да ја вади партијата од „живата кал“

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да пишува статуси за Унгарија, да ја вади партијата од „живата кал“

    14.04.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа.

    А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните зделки и криминали на Заев додека СДС беше на власт. 

    Филипче може да почне со оградување од сомнителните пријатели и матни бизнис партнери на Заев како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски…Да не ги набројуваме сите вклучени во криминалните шеми на Заев. Секако, сето ова треба да биде предмет на разгледување и процесуирање од страна на надлежните правосудни институции.

    И наместо оградување и консолидирање на СДС која е на раб на исчезнување поради другарувањето со Заев, Филипче се втурна во пишување статуси на социјалните мрежи, пишување на соопштенија за изборите во Унгарија и победата на Петер Маѓар и неговата Тиса, притоа измислувајќи некакви приватни бизниси меѓу Македонија со веќе опозиционерот Виктор Орбан.

    Да му повториме и во оваа прилика, меѓу Македонија и Унгарија има вообичаена официјална комуникација и соработка меѓу две држави во различни области.

    Добронамерен апел до Филипче, не измислувај, фати се за работа и консолидирај ја СДС. На секоја држава, како и на Македонија и треба функционална опозиција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра – министерката Кочовска бега од објаснување

    29.05.2026 во 10:41

    Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните

    29.05.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.