Close Menu
Press24
    Најново

    Андреј Жерновски: Мицкоски остана без штитот на Орбан, само со своите очајни резултати

    13.04.2026 во 11:20

    ВИДЕО: Погледнете како пробуваат да ја запалат Синагогата

    13.04.2026 во 11:07

    Нема гужви на ГП – сообраќајот се одвива непречено

    13.04.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андреј Жерновски: Мицкоски остана без штитот на Орбан, само со своите очајни резултати
    • ВИДЕО: Погледнете како пробуваат да ја запалат Синагогата
    • Нема гужви на ГП – сообраќајот се одвива непречено
    • Вучиќ: Честитки до Маѓар, благодарам на Орбан
    • Велигденска трагедија го потресе цел регион: Мајка си го одзеде животот откако ја усмртила 17-годишната ќерка
    • Сред април зимски амбиент на Шапка: Снежна покривка од 25 см
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави – прво среди си ја партијата
    • Партијата на Димитриевски ја поздрави промената во Унгарија: Маѓар е сигнал за демократски напредок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андреј Жерновски: Мицкоски остана без штитот на Орбан, само со своите очајни резултати

    Андреј Жерновски: Мицкоски остана без штитот на Орбан, само со своите очајни резултати

    13.04.2026 во 11:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУВНА СЕВЕРЕЦ ОД ПЛАВИОТ ДУНАВ

    Вчера, Унгарија затвори едно тешко

    политичко поглавје.

    Не беше тоа тивок крај, туку гласна порака од граѓаните преку референдумско изјаснување дека ниту еден модел на власт не може да опстои кога ќе се оддалечи од интересот на сопственото општество, пишува на социјалните мрежи Андреј Жерновски од СДСМ по поразот на Орбан во Унгарија.

    Честитки до граѓаните на Унгарија, чија одлука не е само внатрешна политичка промена – таа е сигнал дека Европа повторно станува мерило за политичка, а не само на географска припадност.

    И одговорност.

    Да бидеме јасни- падот на Виктор Орбан отвора бајаги пошироки теми.

    Не се работи само за една политичка фигура која владееше 16 години, туку за систем кој со години се обидуваше да функционира паралелно со Европската Унија – со сопствени правила, сопствени медиумски структури и сопствени центри на влијание.

    Пораката од унгарците беше и симболична и политичка.

    Граѓаните не зборуваа само преку гласачкото ливче, туку и преку пораки кои јасно го одразуваа расположението: “Ruszkik haza!”, или “Руси, одете си дома!” е скандирање што ја надмина дневната политика и стана јасен израз на геополитичката насока што ја избраа.

    Дали тој модел имаше свои огледала и надвор од Будимпешта? Секако!

    Затоа и доаѓаме до суштината на политичката порака што се однесува и на Македонија.

    Христијан Виктор Мицкоски, или Орбан џуниор, со години гради политичка линија која не е само домашна стратегија, туку дел од поширок регионален образец: политички конзервативизам со силна медиумска инфраструктура, контролирани, иако празни пи-ар наративи и секако, дистанца од европските вредности и принципи.

    Во тој контекст, Орбан не му беше само политички и бизнис партнер.

    Тој му беше модел.

    Но, моделот на неговиот модел се урна токму таму каде што беше најсилен – во сопствената држава, што само по себе носи последици кои не се симболички, туку структурни.

    Прво, заврши политичката заштита.

    Каде ќе (с)лета сега владиното авионче, кое со авто-пилот самото иташе кон Будимпешта?

    Ако знаеме дека секоја регионална мрежа на влијание се одржува само додека има центар што ја држи рамнотежата, тогаш е јасно дека со политичката промена во Будимпешта, таа рамнотежа се нарушува.

    Второ, финансиските и медиумските врски меѓу Орбан и неговата западнобалканска копија ќе станат предмет на преиспитување.

    Она што досега се претставуваше како економска соработка, неизбежно ќе биде ставено под лупа – и дома и во Европа. На крај, и во Скопје.

    Трето, се менува политичкиот контекст во кој се позиционираа локалните актери јужно од Унгарија.

    Кога исчезнува „силниот сојузник“, останува само домашната сцена – без геополитичка поддршка и без паралелна легитимација.

    И токму затоа, северецот што конечно дувна од Будимпешта не е локален ветер, туку силна регионална промена.

    Тој нема да застане на границите на Унгарија. Ќе продолжи да се движи низ политичкиот простор на регионот.

    Ќе дувне и во Србија.

    Ќе дувне и во Македонија.

    Затоа, прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку колку брзо (или споро) тие промени ќе стигнат до сите точки каде што тој модел беше пресликуван.

    Но, тоа зависи од самите нас, зарем не?

    За Мицкоски , тоа значи нова фаза – без политички штит, без медиумска дистанца и без онаа надворешна рамка која, вака или така, го оправдуваше моделот.

    Сега останува само политиката дома, со сета јаловост и двогодишни очајни резултати.

    И бездруго, одговорноста пред граѓаните.

    А тоа е најтешкиот терен.

    П.С.

    Мислите дека ја заборавив мојата омилена тама? Нееее, нема шанси.

    За барокниот стиропорец со пасош издаден од Орбан, допрва ќе пишувам(е).

    Него… уште е во Пешта?, стои во објавата на Жерновски.

    Популарно

    Андреј Жерновски: Мицкоски остана без штитот на Орбан, само со своите очајни резултати

    13.04.2026 во 11:20

    ВИДЕО: Погледнете како пробуваат да ја запалат Синагогата

    13.04.2026 во 11:07

    Нема гужви на ГП – сообраќајот се одвива непречено

    13.04.2026 во 10:46

    Вучиќ: Честитки до Маѓар, благодарам на Орбан

    13.04.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.