Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот.
Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
- Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
- Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
- Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
- 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
- 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
- Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
- Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност

