Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Водовод со важно соопштение за недела: Неколку општини ќе бидат без вода
- Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите
- ФОТО: Претрес во Скопје – Полицијата уапси две лица
- ФОТО: Најдена опасна граната тешка околу 45 килограми – Сложена акција кај Неготино
- 120 деца опфатени со летната програма за згрижување во Општина Центар
- ФОТО: „Да не му галамат децата под прозор“ – Детско игралиште во Кисела Вода полеано со уље
- Левица: Цените на становите одат во плафон, власта молчи
- ФОТО: Возило уништено по тешка несреќа во Македонија – Пожарникари го извлекувале возачот

