Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение.
Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 година), со кои се интервенираше во членовите 10 и 15. Со овие измени се создадоа услови за проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија.
Во минатото, учениците од ромската заедница имаа на располагање учебници по овој
предмет само од 3-то до 5-то одделение, што претставуваше ограничување во континуитетот на изучување на сопствениот јазик и култура. Со новиот учебник за 6- то одделение чиј автор е Даниел Петровски, за прв пат се обезбедува надградба на наставниот процес. Информираме и дека во тек е постапка за изработка на учебник за 7-мо одделение.
Паралелно со ова, МОН донесе и нов подзаконски акт, Правилник за начинот на формирање групи помали од 15 ученици од исто одделение, со цел да се овозможи изучување на јазикот и културата на заедниците и во случаи кога бројот на ученици е помал. Правилникот е донесен врз основа на член 53 став (9) од Законот за основното образование.
Според податоците, изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ во моментов го изучуваат над 2300 ученици Роми, распределени во 13 основни училишта во 7 општини низ државата.
Министерството за образование и наука го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите и изразува уверување дека интензивно ќе продолжат да се имплементираат политиките за унапредување на образовната еднаквост, зачувување на културниот идентитет и зголемување на пристапот до квалитетно образование за учениците од ромската заедница.
- Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
- Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
- Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
- Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
- Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
- Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
- Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
- Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали

