Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев земал 4 милиони евра од Дака за „бетонската џунгла“ во Тетово

    ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев земал 4 милиони евра од Дака за „бетонската џунгла“ во Тетово

    08.04.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра?

    Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.

    Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици.

    Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев  би му припаднале 4 милиони евра.

    Го ставија ли Заев и Филипче приватниот интерес пред јавниот интерес поради свои лични цели и интереси од кои дебело профитираа?

    Кој и колку профитираше од промените на ДУП во Тетово?

    Јавноста треба знае и да добие јасна слика за начинот на кој Заев и СДС носеле одлуки што директно влијаат врз урбаниот развој и довербата во институциите.

    Случајот со промената на деталниот урбанистички план во Тетово отвора сериозни прашања за тоа дали јавниот интерес бил ставен во втор план на сметка на приватни договори и бизнис интереси на Заев и Филипче.

    Дали урбанистичките измени биле носени врз основа на стручни анализи и потребите на граѓаните, или пак биле резултат на договори кои носат енормна финансиска корист за Заев и Филипче?

    Дополнително, се поставува прашањето за текот на средствата и нивната евентуална употреба дали тие пари завршиле во приватни инвестиции на Заев и Филипче надвор од државата или биле искористени за понатамошно ширење на влијание и бизнис мрежи?

    Надлежните институции имаат обврска темелно да ги испитаат сите наводи и да утврдат дали постои основ за понатамошна постапка.

    ЈО да ги испита сомнежите за можни судири на интереси и злоупотреба на функцијата.

    Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и владеење на правото.

    Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.