Close Menu
Press24
    Најново

    Филков: Итно да се преиспита одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут

    13.05.2026 во 17:29

    Министерството за култура: Парите за самостојните уметници за 2026 ќе бидат на нивните сметки утре

    13.05.2026 во 17:27

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филков: Итно да се преиспита одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут
    • Министерството за култура: Парите за самостојните уметници за 2026 ќе бидат на нивните сметки утре
    • Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме
    • Нова измама: Со порака ви бараат 1.500 денари за лажна казна – МВР ги објави деталите
    • Филков: Одлуката за мазутот е удар врз довербата, очекувам ОЈО ГОКК да објасни зошто ја запре истрагата
    • Хуманоста на дело: Стефковски покрена акција за самохрана мајка на три деца која живее во тешки услови
    • Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот
    • Пукање во филипинскиот парламент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците

    Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците

    07.04.2026 во 22:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Расправата за заштита на жените од семејно насилство ја вжешти собраниската атмосфера, но наместо суштинска дебата, во фокусот се најде Законот за употреба на јазиците.

    Пратеничката Даути од Алијанса за Албанците побара Нацрт-стратегијата за заштита на жените од насилство да и биде доставена и на албански јазик, тврдејќи дека документите на нејзиниот мајчин јазик не се достапни на веб-страницата на Собранието. 

    Барањето за пауза предизвика тензии во салата.

    Претседателката на Комисијата, Пешевска ги отфрли обвинувањата на Даути, оценувајќи ги незините постапки како политички маркетинг. Таа посочи дека проверила со собраниските служби и дека документите биле навремено објавени и на албански јазик, без прекршување на законските процедури.

    По паузата, продолжи дебатата на која невладиниот сектор и пратениците ги презентираа забелешките за Нацрт стратетигијата, чие спроведување во следните години треба да ги штити жените од секаков вид на насилство. Според нив, недостасува поголем буџет, бесплатна правна помош за жртвите, но и специјализирани обуки за сите служби –  МВР, обвинители, судии и центри за социјална заштита. 

    Македонија направи исчекор за подобрување на состојбите со жените жртви на насилство со измени на кривичниот законик, но потребни се и дополнителни напори за унапредување на системот. Во моментов се уште има значајни системски пропусти и потфрлање на постапувања на  надлежните што доведува до тоа жртвите да не веруваат на институциите и да не пријавуваат насилство.

    Прочитај повеќе

    Филков: Итно да се преиспита одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут

    13.05.2026 во 17:29

    Министерството за култура: Парите за самостојните уметници за 2026 ќе бидат на нивните сметки утре

    13.05.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.