Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ЕСМ во долгови од 200 милиони евра, Мицкоски го мести бизнисот за увоз на струја

    СДСМ: ЕСМ во долгови од 200 милиони евра, Мицкоски го мести бизнисот за увоз на струја

    07.04.2026 во 09:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Власта го потврди она што го говори СДСМ за катастрофалната состојба на државната ЕСМ. Директорот на оваа компанија, Узунчев, призна дека ЕСМ ја заврши 2025 г. со загуба од 108 милиони евра и лани не е произведена струја согласно планираното.  Дополнително компанијата во моментов има вкупен долг од околу 200 милиони евра, велат од СДСМ.

    „Прашањето е кој ќе одговара за ова?

    ЕСМ работи со загуби и произведува помалку струја од планираната за да се увезува скапа струја од надвор преку неговата мрежа на фирми во енергетиката.

    Бизнис операција осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски во која клучна улога има Сања Божиновска и „Руднап“ на Војин Лазаревиќ. Почнувајќи од Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул, преку офшор структурите на Кипар, па се до поврзаноста со „Руднап“.

    Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги има наместено, од производство и увоз на струја, до продажба.

    Се случува огромен грабеж на народните пари. 

    Сега кога граѓаните ќе видат покачена сметка за струја, ова е позадината“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.