Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Пуштени во употреба шест нови операциони сали, целта е да бидеме лидери во регионот

    06.04.2026 во 12:22

    Трагедијата во „Пулс“: Александар немал ниту здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

    06.04.2026 во 12:10

    Судење за „Пулс“: Сведочење на таткото на починатиот Александар – бил управител на хартија за да не пропадне лиценцата

    06.04.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пуштени во употреба шест нови операциони сали, целта е да бидеме лидери во регионот
    • Трагедијата во „Пулс“: Александар немал ниту здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата
    • Судење за „Пулс“: Сведочење на таткото на починатиот Александар – бил управител на хартија за да не пропадне лиценцата
    • УХМР со лоши вести за Велигден: Утре сончево и топло, од среда пресврт со дожд и снег на планините
    • Македонец приведен во Србија: Шверцувал електронски цигари вредни над 10.000 евра
    • ОКТА го продолжи попустот: Поевтин дизел и бензин до крајот на април
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран со контра-ултиматум до Трамп – „Теснецот ќе се отвори само под наши услови“
    • Вучиќ потврди: Пронајдени два ранца со експлозив кај Кањижа, Унгарија воведува воена заштита на гасоводите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Пуштени во употреба шест нови операциони сали, целта е да бидеме лидери во регионот

    Мицкоски: Пуштени во употреба шест нови операциони сали, целта е да бидеме лидери во регионот

    06.04.2026 во 12:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на шест целосно реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој најави дека ова е само прва фаза од поголем проект кој предвидува вкупно десет вакви современи објекти.

    Според најавите, преостанатите четири сали се очекува да бидат готови за неколку месеци, со што ќе се заокружи модернизацијата на овој блок.

    „Очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата ‘8 Септември’, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот“, изјави Мицкоски.

    Премиерот истакна дека здравството останува врвен приоритет на Владата, но призна дека се потребни темелни промени, не само во инфраструктурата, туку и во пристапот и менталитетот.

    „Нашата цел е да решаваме проблем по проблем. За тоа треба време, не може да се среди сѐ и веднаш, но ресурсите ги насочуваме таму каде што е најпотребно за заштита на здравјето на граѓаните“, додаде тој.

    Популарно

    Мицкоски: Пуштени во употреба шест нови операциони сали, целта е да бидеме лидери во регионот

    06.04.2026 во 12:22

    Трагедијата во „Пулс“: Александар немал ниту здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

    06.04.2026 во 12:10

    Судење за „Пулс“: Сведочење на таткото на починатиот Александар – бил управител на хартија за да не пропадне лиценцата

    06.04.2026 во 12:07

    УХМР со лоши вести за Велигден: Утре сончево и топло, од среда пресврт со дожд и снег на планините

    06.04.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.