Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Пелистер“ под засилен надзор: Поставени 40 камери низ Националниот парк

    „Пелистер“ под засилен надзор: Поставени 40 камери низ Националниот парк

    06.04.2026 во 10:431 Min Read
    ФОТО: ЈУНП „Пелистер“ Битола
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов постави 40 камери за мониторинг на повеќе стратешки локации, вклучувајќи ги реоните на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино. Овие активности се дел од современите методи за заштита, следење на природата и научни истражувања во паркот.

    Директорот на ЈУНП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, појасни дека преку системот на фото-замки ќе се добиваат прецизни информации за движењето и навиките на животните.

    „Главната цел на овој систем е да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку следење на движењето и навиките на дивите животни, проценка на бројноста на популациите, навремено детектирање на потенцијални закани и поддршка на научни и стручни анализи. Посебен фокус е ставен на мониторинг на клучни видови како кафеавата мечка, дивокозата и карактеристични видови птици и растенија, како и на крупни цицачи волк, рис, дива свиња и срна, кои се индикатори за здравјето на екосистемот“, информира Тошевски.

    Покрај дивиот свет, во континуитет се следат и специфичните природни живеалишта како глацијалните езера, моликовите шуми и камените реки. Сите податоци собрани од камерите ќе му бидат достапни и на СВР Битола, со цел да се подигне нивото на безбедност во рамките на паркот.

    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.