Close Menu
Press24
    Најново

    Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето

    10.06.2026 во 07:53

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Трипуновски до Филипче: Не глумете лажна загриженост, СДС седум години ги понижуваше земјоделците

    (ВИДЕО) Трипуновски до Филипче: Не глумете лажна загриженост, СДС седум години ги понижуваше земјоделците

    06.04.2026 во 10:372 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како одговор на денешните изјави на Венко Филипче за состојбата во земјоделството, министерот Цветан Трипуновски објави видео од масовниот протест на земјоделците од октомври 2019 година, кога СДСМ беше на власт.

    Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, рече Трипуновски.

    „Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира.

    На толку криминални тендери, на толку украдени пари, Венко Филипче денеска лажно глуми загриженост за земјоделците, како наводно состојбата била лоша.

    Седум години СДС не мрдна со прст за земјоделците. Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот.

    Мој совет по втор пат до Венко Филипче е тој што му го води пи-арот веднаш да го откаже, зошто се повеќе сум сигурен дека некој од внатре го мести. Понекогаш молчењето е подобра стратегија, особено кога фактите не се на негова страна“, истакна Трипуновски.

    Трипуновски му порача на Филипче да се држи до турбо фолкот и нека го следи и пее Харис Џиновиќ.

    „Во продолжение му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“, напиша Трипуновски.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.