Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово

    ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово

    06.04.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ.

    На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и трговски центри, во вредност која надминуваше над 200 милиони евра со измена на ДУП, ден после формирањето на старо новата влада на СДС и ДУИ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „А, претходно, фирмата на Давидовиќ Дака, „Јелак Градба“ го купува поранешниот индустриски гигант ШИК Јелак, кој СДС и ДУИ овој државен имот му го обезбедиле по багателна цена. Дури за четири пати пониска од тогаш проценета вредност од стечајната постапка.

    Па така, објект од 198 метри квадратни на Фондот за здравствено осигурување, кој бил проценет на 122 илјади евра, на Дака бил продаден за само 34 илјади евра, додека друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.

    Додека пак, објект од 5021 метар квадратен во сопственост на Министерството за финансии, иако бил проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик само за околу 730 илјади евра.

    Сопственост на објект имала и Агенцијата за вработување и тоа во површина од 165 квадрати, за кој наплатила околу 24 илјади евра, иако истиот вредел 100 илјади.

    Тоа што вреди да ја потсетиме јавноста е следново. За да не дојде до планираната бетонска џунгла во Тетово одобрена од СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака.

    Едно е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес државата на граѓаните, додека СДС и ДУИ работат исклучиво во интерес на бизнисите, тендерите и процентите.

    Затоа и се таму каде што се, безидејни, во длабока опозиција и без поддршка од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.