Close Menu
Press24
    Најново

    Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите

    06.04.2026 во 09:53

    Дневен хороскоп: Дисциплина и сериозни одлуки – Што ги очекува знаците овој понеделник

    06.04.2026 во 09:40

    СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица

    06.04.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите
    • Дневен хороскоп: Дисциплина и сериозни одлуки – Што ги очекува знаците овој понеделник
    • СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица
    • Денеска ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Подгответе се за гужви: Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Целосно обновени шест операциони сали на Клинички: Премиерот Мицкоски денеска на увид
    • Започнува Страдалната седмица: Денови посветени на страдањата на Исус Христос
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите

    Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите

    06.04.2026 во 09:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

    Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

    Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

    Воедно Ве известуваме дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

    Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот.

    Популарно

    Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите

    06.04.2026 во 09:53

    Дневен хороскоп: Дисциплина и сериозни одлуки – Што ги очекува знаците овој понеделник

    06.04.2026 во 09:40

    СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица

    06.04.2026 во 09:33

    Денеска ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    06.04.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.