Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото

    10.06.2026 во 08:59

    ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт

    10.06.2026 во 08:52

    Издаден портокалов метеоаларм во Хрватска – Силно невреме доаѓа и кон Македонија

    10.06.2026 во 08:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото
    • ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт
    • Издаден портокалов метеоаларм во Хрватска – Силно невреме доаѓа и кон Македонија
    • Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете
    • Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица

    СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица

    06.04.2026 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Катастрофалните економски политики на Владата на Христијан Мицкоски оставаат илјадници македонски семејства без работа, без егзистенција, на улица. Додека брутално се пумпаат пари преку криминални тендери, над 1.500 работници во изминатиот период останаа без работа. Тоа се 1.500 човечки судбини, празни трпези и неизвесна иднина за илјадници граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Минатата недела „Артекс“ од Кочани престана со работа – 100 текстилни работници и работнички останаа на улица, без работа и без исокатени плати. 

    Пред само неколку недели, македонски работници беа отпуштени од „Бехтел и Енка“.  Во ТИРЗ зоните, повеќе компании ги затворија погоните, оставајќи стотици семејства без приходи.

    Во Штип беа затворени 4 конфекции, меѓу кои „Елит Фешн“ и „Мода Ексклузив“, со над 110 отпуштени работници.  Во Куманово, затворањето на чевларски погони остави 180 луѓе без работа. 

    Најголемиот удар дојде од повлекувањето на странските инвестиции, „Aptiv“ се повлече – изгубени се 500 до 600 работни места.  „Lear“ и „Dura“ преку тивки кратења отпуштија уште 300 работници. 

    Дополнително, во металургијата, над 400 работници беа оставени на принудни одмори, а дел од нив трајно отпуштени. 

    Податоците се поразителни. Бројот на работници во индустријата во февруари 2026 година е намален за 3,4% во однос на лани како директен резултат на неспособноста на владата на Мицкоски.

    Секое отпуштање од работа значи татко кој не може да донесе плата дома, мајка која не знае како ќе ги нахрани децата, млади луѓе кои ја губат надежта и размислуваат да ја напуштат државата.

    Македонските работници ги бркаат од работа, остануваат „економските работници“ и затоа нема зголемување ниту на минималната плата на 600 евра.

    СДСМ предупредува: ако владата на Мицкоски итно не преземе мерки, бранот на отпуштања ќе продолжи, кризата ќе ги продлабочи проблемите и сиромаштијата“, стои во соопштението о д СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт

    10.06.2026 во 08:52

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.