Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
    • Филипче: Горди сме на македонската Армија
    • Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
    • ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
    • Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Подгответе се за гужви: Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје

    Подгответе се за гужви: Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје

    06.04.2026 во 09:212 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Скопје, со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи протестен марш на група граѓани кои изразуваат незадоволство поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит. Протестот ќе започне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе продолжи преку Камениот мост и ќе заврши пред Министерството за правда.

    Министерството за внатрешни работи најави посебен режим на сообраќај долж трасата на движење.

    „СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, соопштија од полицијата.

    Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до учесниците да не бидат „алатка во рацете на политичка партија“. Тој појасни дека делот од законот што се однесува на правосудството е оспорен пред Уставниот суд и има негативно мислење од Венециската комисија.

    „Јас ги уверувам студентите дека онака како што се најдоа решенија за многу предизвици и за многу пропусти од минатото, така и за ова ќе се изнајде соодветно решение. Мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век“, истакна Мицкоски.

    Од друга страна, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, оцени дека протестот е повик за освестување и подобри законски решенија.

    „Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија. Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија“, изјави Меџити.

    Прочитај повеќе

    Утре две скопски општини ќе останат без струја

    18.08.2026 во 13:34

    Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција

    18.08.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.