Close Menu
Press24
    Најново

    Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент

    15.05.2026 во 23:33

    Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари

    15.05.2026 во 22:45

    Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец

    15.05.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
    • Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
    • Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
    • Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
    • Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
    • Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
    • Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
    • УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро

    Николоски: Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро

    05.04.2026 во 12:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, уверува дека преговорите за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) се одвиваат во позитивна насока. Тој соопшти дека е издејствувано одложување на примената на овој систем за македонските камиони и автобуси до 30 септември, што остава доволно простор да се завршат сите неопходни бирократски процедури.

    Одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на првата делница од „Градскиот воз“, Николоски појасни дека главното решение за транспортерите се долгорочните визи, кои веќе почнуваат да се имплементираат во дел од европските земји.

    „Преговорите одат добро. Во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме одложување. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот и очекуваме за неколку седмици да биде усвоен, а во Романија веќе влезе во процедура“, изјави Николоски.

    Тој додаде дека и од Унгарија е добиено ветување оти законот ќе влезе во процедура веднаш по завршувањето на изборите и формирањето на новиот Парламент.

    За да се покријат сите клучни рути, најавена е и дипломатска офанзива. Николоски откри дека во втората половина на април, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе патува за Австрија, каде токму ова прашање ќе биде високо на агендата. Според министерот, останува да се постигне договор уште со Германија за да бидат целосно обезбедени главните рути на нашите превозници. За Велика Британија, пак, важат посебни правила бидејќи е надвор од ЕУ и Шенген зоната.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува

    15.05.2026 во 21:15

    УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата

    15.05.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.