Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поголема безбедност и заштита: Поставени 60 камери во Националниот Парк Маврово

    Поголема безбедност и заштита: Поставени 60 камери во Националниот Парк Маврово

    03.04.2026 во 10:431 Min Read
    НП Маврово
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата на националниот парк „Маврово“ започна со имплементација на систем за видеонадзор со цел повисоко ниво на заштита на природата и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите.

    Одделението за заштита и мониторинг на паркот постави камери на 60 локации низ територијата на паркот. Како што соопштија од НП „Маврово“, ова е во согласност со законските надлежности и обврски за заштита, одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите.

    -„На ваков начин ќе се следат дивите животни и нивната бројност. Дополнително, ќе се овозможи превенција и рано откривање на незаконски активности како бесправна сеча, лов, загадување и уништување на природните ресурси“, наведуваат од паркот.

    Видеонадзорот ќе овозможи и подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.

    Од управата апелираат до посетителите да се придржуваат до правилата за движење и престој, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно во зачувувањето на природното богатство.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.