Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновски во Атина – Работни средби за интензивирање на соработката

    Костадиновски во Атина – Работни средби за интензивирање на соработката

    03.04.2026 во 09:452 Mins Read
    Уставен суд
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, заедно со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и членот на Судскиот совет Александар Камбовски, во рамки на заедничката посета на Атина остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон унапредување на владеењето на правото и меѓуинституционалната соработка.

    Делегацијата се сретнала со претседателката на Судот за ревизија, Сотириа Тоуни, и заменик-генералниот јавен обвинител Антонис Никитанис, при што биле презентирани улогата и мисијата на оваа институција, основана во 1829 година, со акцент на јавните финансии, превентивната контрола на јавните набавки и советодавната функција во однос на договорите на државните органи.

    Се одржа и средба во Министерството за правда со постојаниот секретар Василики Ѓави, потпретседателот на Врховниот суд Панајотис Ливоропулос и заменик-јавниот обвинител Софоклис Логотетис, каде беа разменети мислења за зајакнување на институционалните капацитети, модернизација на судските системи и размена на добри практики, особено во контекст на претстојното грчко претседавање со Европската Унија и можностите за нови иницијативи во областа на дигитализацијата.

    Во рамки на посетата, македонската делегација имаше и средба со Михалис Пикраменос, претседател на Државниот совет на Грција, на која беа разменети искуства за уставна контрола и функционирањето на двата системи. Беше истакнато дека довербата во судството е клучен предуслов за стабилноста на демократските процеси.

    Претседателот Костадиновски упати покана за возвратна посета на Уставниот суд на Северна Македонија и за учество на Балканскиот форум на уставни судови како платформа за регионална размена на искуства и зајакнување на уставно-судската пракса.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.