Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Намалени приговорите, но зголемен број на прекршоци преку „Безбеден град“

    Намалени приговорите, но зголемен број на прекршоци преку „Безбеден град“

    03.04.2026 во 09:34Updated:03.04.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во март годинава значително е намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторени сообраќајни прекршоци и поднесуваат приговор до надлежниот суд преку системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

    Во март 2026 година до судот се поднесени вкупно 65 приговори – 43 од физички лица и 22 од правни лица, додека во февруари бројот на приговори бил 476 (45 од физички и 431 од правни лица). Од доставените приговори во март, со пресуда веќе се завршени 92 предмети.

    Судиите од Одделот за прекршоци, вкупно 16, постапуваат по овие предмети, при што сите приговори се заведуваат и согласно Законот за прекршоци, во рок од 8 дена се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за произнесување – неопходен предуслов за понатамошно постапување.

    Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066 прекршоци. Од вкупниот број, најмногу се прекршоци за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, следат 941 прекршок за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола, додека прекршоците за минување на затворен сигнал (црвено светло) се намалени за 68,2% и изнесуваат 70 случаи.

    МВР информира дека во периодот од 1 до 31 март преку камерите поставени на градските и коридорските патишта, регистрирани се сите наведени прекршоци.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување

    23.09.2026 во 15:21

    Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно

    23.09.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.