Close Menu
Press24
    Најново

    Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

    13.05.2026 во 12:06

    УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме

    13.05.2026 во 11:54

    Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    13.05.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
    • УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме
    • Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница
    • Аларм во Германија: Автомобилската индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година
    • Ковач: Србија не смее да се откаже од ЕУ, проширувањето е поттик за реформи
    • Цената на нафтата продолжува да расте
    • Напад врз нафтената инфраструктура: Украински дронови го погодија терминалот во Краснодар
    • Французинка на апарати за одржување во живот, бројот на заразени расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Kaде има криминал и корупција, таму се Заев и Филипче

    ВМРО-ДПМНЕ: Kaде има криминал и корупција, таму се Заев и Филипче

    03.04.2026 во 09:272 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште.

    Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го рекетирал за да им завршат одредена бизнис услуга.

    На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и како прорускиот бизнисмен кажува дека парите, 300 илјади евра, кои му ги дал на Заев, тој ги искористил за да направи изборен инженеринг за референдумот за името.

    Тоа што остана да лебди во воздухот е тоа што ниту Заев, ниту СДС ги негираа овие снимки, што јасно потврдува дека тие биле точни и автентични, а во истата снимка од разговорот на Дака со Кичеец, се слуша и името на поранешниот генерален секретар на владата на Заев, Драги Рашковски.

    Ова значи дека целата тогашната власт на СДС била поврзана со овој прорускиот бизнисмен и затоа му ги знаат сите фирми и бизниси во кои е вклучен.

    А, можеби и токму затоа помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, за што македонската јавност ќе биде потсетена на денешната прес-конференција.

    Еве, деновите минуваат и освен што од ова СДС на чело со Филипче, ги брои фирмите и бизнисите на Дака, до денес, ни од партијата ни од Заев нема никакво негирање или демантирање за овој случај.

    Тоа што на граѓаните им станува се појасно, е дека каде има криминал и корупција, таму се СДС, Заев и Филипче. 

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ

    13.05.2026 во 10:03

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пиун на Радев и лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

    13.05.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.