Close Menu
Press24
    Најново

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34

    Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија

    13.05.2026 во 18:15

    Проверките завршија – заловеното животно во Козле е волк

    13.05.2026 во 17:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани
    • Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија
    • Проверките завршија – заловеното животно во Козле е волк
    • Обвинителство: Премиерот вчера првпат му се јави на Савевски
    • Филков: Итно да се преиспита одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут
    • Министерството за култура: Парите за самостојните уметници за 2026 ќе бидат на нивните сметки утре
    • Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме
    • Нова измама: Со порака ви бараат 1.500 денари за лажна казна – МВР ги објави деталите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

    Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

    02.04.2026 во 22:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој во реално време ќе можеме да следиме што се случува во областа на сајбер безбедноста и навремено да реагираме на потенцијалните закани“, истакна министерот Андоновски.

    Одговарајќи на прашање за значењето на втората сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, која ќе се одржи идната недела во Вашингтон, а на која дел од македонската делегација ќе биде и министерот Андоновски, тој нагласи дека ова е исклучително важен дипломатски и стратешки процес за државата.

    „Ние ќе бидеме единствената европска држава која оваа година ќе одржи втора сесија од Стратешкиот дијалог. Можам да кажам дека веќе имаме одлична соработка со Соединетите Американски Држави во областите што јас ги покривам, а тоа се дигитализацијата и сајбер безбедноста. За време на мојата посета во јануари, на највисоко ниво во Стејт департментот разговаравме за прашања поврзани со соработката со Македонија, предизвиците во сајбер безбедноста, дигиталната инфраструктура и размената на информации за потенцијални ризици во сајбер просторот. Очекувам од овој Стратешки дијалог да произлезат конкретни точки што ќе значат подобрување на можностите за македонските граѓани, за македонската економија, како и за соработката меѓу институциите, со многу конкретни придобивки за двете страни“, изјави Андоновски.

    Министерот посочи дека сајбер нападите денес сè почесто се користат како алатка за водење асиметрични војни, како од државни, така и од недржавни актери. Тоа, како што рече, значи насочени напади во сајбер просторот кон критичната инфраструктура, која не ја опфаќа само цивилната, туку и здравствената, образовната и другите клучни области.

    „Со средства од Европската Унија и со национално кофинансирање, вложивме околу 1,5 милиони евра во новиот Владин центар за одговор на сајбер инциденти, кој наскоро ќе биде отворен. Центарот ќе овозможи следење во реално време и брз и координиран одговор на сајбер нападите“, рече Андоновски.

    Со овој центар, како што најави министерот, институциите ќе добијат посилен и поефикасен капацитет за справување со сајбер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.

    Во своето гостување, министерот Андоновски зборуваше и за Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС), како и за новите електронски услуги на Националниот портал за услуги, кои имаат цел да го олеснат секојдневието на граѓаните, да ја зголемат ефикасноста на институциите и да придонесат кон побрзи, поедноставни и подостапни јавни услуги.

    Прочитај повеќе

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:19

    Филков: Одлуката за мазутот е удар врз довербата, очекувам ОЈО ГОКК да објасни зошто ја запре истрагата

    13.05.2026 во 16:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.