Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска упати низа тешки обвинувања на сметка на премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека неговата политика е заснована на невистини кои имаат за цел да ја држат земјата во долготрајна изолација. Според Жерновски, Мицкоски ги излажал граѓаните за преговарачката рамка, уставните измени и името, само за да дојде на власт.
Од СДСМ порачуваат дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е „грабеж одвнатре, изолација однадвор“, со цел да се избегне секаква контрола врз криминалните тендери.
„Нашиот народ добро рекол: кој лаже – тој краде. Мицкоски лажеше за Брисел, лажеше за ЕУ, а сега сака на нашите деца да им ја украде иднината. Колку подлабоко Македонија тоне во изолација, толку подлабоки стануваат нивните џебови. Ова е вистинско предавство на националните интереси“, изјави Жерновски.

