Наставничката на шестгодишната Катја детаљно го опиша последниот ден на првачето пред страшното самоубиство на мајката Ивана. На кобниот 2 март, девојчето дошло во училиште со нови алишта на кои уште стоеле етикетите, фалејќи се дека претходниот ден била на „шопинг со мама“.
Иако по претходните пријави за насилство изгледало дека состојбата се смирила, бабата претходно предупредила дека Ивана се вратила кај насилниот сопруг, изразувајќи голем страв за нивната безбедност.
Мајката Ивана прво се јавила дека бабата ќе ја земе Катја, но подоцна ненадејно се појавила на часот по физичко и ја зела ќерка си.
„Денот беше убав, Катја беше среќна. Вечерта во 20 часот ми се јави колешката вознемирена – ни кажаа дека двете се мртви“, раскажа наставничката.
Наставничката го опиша таткото како „нервозен“ при неговите ретки појавувања во училиштето, еднаш дури и упаднал во училницата без дозвола.
Судскиот процес продолжува со цел да се утврди одговорноста и дали системот можел да стори повеќе за да го спречи овој трагичен крај кој ја потресе македонската јавност.

