Close Menu
Press24
    Најново

    Промоција на поштенска марка посветена на Сашко Кедев – Ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри

    02.04.2026 во 08:03

    Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата – Најголема борбена единица во Армијата

    02.04.2026 во 08:02

    Циклон над Македонија, дожд и снег – УХМР најавува до кога ќе врне

    02.04.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Промоција на поштенска марка посветена на Сашко Кедев – Ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри
    • Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата – Најголема борбена единица во Армијата
    • Циклон над Македонија, дожд и снег – УХМР најавува до кога ќе врне
    • Американската амбасада во Тирана со безбедносно предупредување: можни закани кон објекти поврзани со САД
    • Кривична пријава за 45-годишник: Им се заканувал на своите сопруга и син
    • Не ги кревајте чадорите: Доаѓа и дожд и снег
    • САД во потрага по информации: Три милиони долари награда за нападите врз американски објекти во Ира
    • Небото над Израел се запали: Иран изврши историски ракетен напад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Промоција на поштенска марка посветена на Сашко Кедев – Ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри

    Промоција на поштенска марка посветена на Сашко Кедев – Ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри

    02.04.2026 во 08:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Порта Македонија денес ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветена на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев. Во 2025 година тој стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.

    Според соопштението на АД Пошта – Скопје, промоцијата ќе ја одржи директорот за поштенски операции и член на Управниот одбор, Бојан Кереместески, со почеток во 13:00 часот.

    Во јули минатата година, Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачил сите 14 светски врвови над 8.000 метри, откако успешно го освои Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан.

    Со овој исклучителен подвиг, како и со претходното освојување на највисоките врвови на сите седум континенти, Кедев се вброи меѓу светската алпинистичка елита. За неговите достигнувања во медицината и алпинизмот, тој е добитник и на високото државно одликување Орден „8 Септември“.

    Популарно

    Промоција на поштенска марка посветена на Сашко Кедев – Ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри

    02.04.2026 во 08:03

    Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата – Најголема борбена единица во Армијата

    02.04.2026 во 08:02

    Циклон над Македонија, дожд и снег – УХМР најавува до кога ќе врне

    02.04.2026 во 07:59

    Американската амбасада во Тирана со безбедносно предупредување: можни закани кон објекти поврзани со САД

    01.04.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.