Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?
    • Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
    • Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Секој живот е важен – Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас”

    Секој живот е важен – Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците-одговорност на сите нас”

    01.04.2026 во 09:272 Mins Read
    РСБСП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска започнува национална превентивна кампања со цел зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Кампањата опфаќа низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски акции, со посебен фокус на правилно користење на пешачките премини, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно движење во урбаните средини.

    • Пешаците се една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистиката покажува дека потребна е континуирана едукација и подигање на јавната свест. Со оваа кампања сакаме да поттикнеме одговорно однесување, поголема внимателност и меѓусебна толеранција помеѓу возачите и пешаците, велат од РСБСП.

    Во рамки на кампањата ќе се одбележи и „Недела на пешаците“, која ќе трае од 1 до 7 април, при што во соработка со МВР ќе се организираат превентивно-едукативни работилници за пешаците. Настаните имаат за цел да ги информираат и едуцираат граѓаните за безбедното однесување на улица и значењето на правилното користење на пешачките премини.

    Од Советот апелираат до возачите да ја прилагодат брзината, да бидат особено внимателни во близина на пешачки премини и секогаш да им дадат предност на пешаците.

    • Ги повикуваме и пешаците да ги почитуваат правилата за безбедно преминување на улица, да користат обележани премини и да останат внимателни, особено при намалена видливост. Посебен апел упатуваме за избегнување користење на слушалки, мобилни телефони и други електронски уреди додека се движат низ сообраќајот, бидејќи нивното внимание се намалува и се зголемува ризикот од незгоди, се наведува во соопштението.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот потенцира дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.

    • Само со совесно и одговорно однесување можеме да придонесеме кон намалување на сообраќајните незгоди и создавање побезбедна средина за сите граѓани. Да не заборавиме: СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН, потенцираат од Советот.

    Советот најавува дека ќе продолжи со активна работа на унапредување на сообраќајната култура и заштита на сите учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедни улици и градови за сите граѓани.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме

    24.09.2026 во 11:20

    Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата

    24.09.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.