Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република

    01.04.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Кој ќе стави крај на минатото, а кој ќе добие неочекуван повик

    01.04.2026 во 09:10

    ФОТО: Македонскиот пејач се прости од својот професор – „Прв ме фативте за рака, фала за се”

    01.04.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република
    • Дневен хороскоп: Кој ќе стави крај на минатото, а кој ќе добие неочекуван повик
    • ФОТО: Македонскиот пејач се прости од својот професор – „Прв ме фативте за рака, фала за се”
    • Трагедија на Крим: Руски воен авион се урна со 29 лица – нема преживеани
    • Избегале од затвор, треба да лежат со години – Македонската полиција фати криминалци
    • Шега, смеа, маски и среќни дечиња – Македонија го одбележува Први Април
    • Универзитетскиот саем „Study in Greece“ денеска во Скопје
    • Сиљановска го пречека Милатовиќ со највисоки почести – Денеска ќе предаваат на Правниот факултет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република

    Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република

    01.04.2026 во 09:122 Mins Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во Париз во рамки на работна посета, каде ќе оствари низа средби со високи претставници на Француската Република. Во текот на денот, тој ќе се сретне со министерот за Европа, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот Емануел Макрон.

    Според соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, главната цел на овие разговори е натамошното унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

    Во рамки на посетата, предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP). На средбата ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби, со што се става акцент на зајакнување на соработката во областа на јавната администрација, обуките и експертската размена.

    Посетата е дел од интензивните дипломатски контакти на Република Северна Македонија со Франција и има за цел да ја зајакне довербата и партнерството меѓу двете држави, како и да придонесе за стабилен и просперитетен регионален развој.

    Влада
    Популарно

    Муцунски во Париз – Средби со високи претставници на Француската Република

    01.04.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Кој ќе стави крај на минатото, а кој ќе добие неочекуван повик

    01.04.2026 во 09:10

    ФОТО: Македонскиот пејач се прости од својот професор – „Прв ме фативте за рака, фала за се”

    01.04.2026 во 09:10

    Трагедија на Крим: Руски воен авион се урна со 29 лица – нема преживеани

    01.04.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.