Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внук го нападнал својот 68-годишен дедо
    • Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации
    • Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
    • Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица
    • Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?
    • Германија и Франција со спротивставени ставови за правилото „произведено во Европа“
    • Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
    • Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер

    Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер

    01.04.2026 во 08:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес времето ќе биде врнежливо поради циклонско влијание, со пообилни врнежи на одредени места (над 20 l/m²). Поради навлегување на постуден воздух, на планините и повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер кој може да достигне над 70 km/h.

    Температурите ќе се движат од 1 до 6 степени наутро, а дневните ќе бидат од 7 до 12 степени.

    Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

    Во следните денови, под влијание на циклон, ќе продолжат врнежите, со пообилни количини утре и во четврток (над 20–30 l/m²). На повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

    Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а ветерот повремено ќе засилува. Од недела се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Внук го нападнал својот 68-годишен дедо

    24.09.2026 во 14:09

    Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак

    24.09.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.