Close Menu
Press24
    Најново

    Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

    30.03.2026 во 21:20

    Зеленски открива: Западот веќе не моли, туку бара прекин на нападите врз Русија

    30.03.2026 во 21:05

    Ужас во Аргентина: Тинејџер уби 13-годишен врсник, а рани други 8 лица

    30.03.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва
    • Зеленски открива: Западот веќе не моли, туку бара прекин на нападите врз Русија
    • Ужас во Аргентина: Тинејџер уби 13-годишен врсник, а рани други 8 лица
    • Албанец фатен на дело додека краде 
    • Косовската влада одобри испраќање војска во Газа
    • Трамп постави рок: Имаме една недела да видиме дали Иран сака договор или конфликт
    • Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман
    • Иранска ракета го повреди воздушниот простор на Турција – аларм во НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

    Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

    30.03.2026 во 21:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица.  

    Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, Апелација по одржана јавна седница на 13 ноември минатата година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 25 декември 2025 година, ја преиначи према обвинетите во делот на кривичната санкција, така што:  

    Казната на првообвинетиот Стефан Димовски, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“ од 5 години и 6 месеци, му се зголемува на казна затвор од 8 години и шест месеци. 

    Првостепената казна од 4 години и 6 месеци на обвинетиот Дејан Спасиќ, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“, му се зголемува на казна затвор од 6 години и 6 месеци. 

    Казната на обвинетиот Димитар Наков, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“ од 4 години и 6 месеци, му се зголемува на казна затвор од 8 години и 6 месеци. 

    Првостепените казни од 4 години затвор на обвинетиот Тино Илиевски, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“, му се зголемува на казна затвор од 7 години и 6 месеци, додека на обвинетиот Савен Неделковски, на 6 години затвор. 

    Првостепените казни затвор од 1 година и 6 месеци на обвинетите за „полов напад и силување“ Александар Филиповски, Бојан Филиповски, Антонио Зографски, Трајче Лазов и Ристо Вељанов, им се зголемуваат на казна затвор од 3 години. 

    Казната на обвинетиот Кристијан Тончов од 1 година и 3 месеци, за „полов напад и силување“, му се зголемува на казна затвор од 3 години.

    Првостепената условна осуда од две години затвор на обвинетиот Борче Коцев, огласен виновен за кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“, му се заменува со казна затвор од 1 година. 

    Основниот кривичен суд Скопје во ноември 2024 година ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник, познат во јавноста како „велешката група“, обвинети за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва.

    Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.

    Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција случајот го објави во јануари 2024, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

    Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

    Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

    Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Случајот беше затворен за јавноста. 

    Популарно

    Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

    30.03.2026 во 21:20

    Зеленски открива: Западот веќе не моли, туку бара прекин на нападите врз Русија

    30.03.2026 во 21:05

    Ужас во Аргентина: Тинејџер уби 13-годишен врсник, а рани други 8 лица

    30.03.2026 во 21:03

    Албанец фатен на дело додека краде 

    30.03.2026 во 20:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.