Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

    04.08.2026 во 20:47

    Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија

    04.08.2026 во 20:41

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра
    • Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија
    • Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски
    • Николоски: Секогаш сме спремни за избори
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи
    • Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи
    • ЦУК со пресек до 18 часот: Избувнаа 14 пожари, активен е во скопско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија

    Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија

    30.03.2026 во 17:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ​По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори.

    Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ја истакнаа важноста од унапредување на економската соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Премиерот Мицкоски нагласи дека директната комуникација меѓу компаниите е клучна за создавање нови деловни модели, за отворање пазари и за генерирање одржлив економски раст. Во таа насока, премиерот Мицкоски упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар.

    Во своето излагање, директорот Димовски се осврна на поволната бизнис клима, конкурентните услови за инвестирање и активната институционална поддршка што им се обезбедува на компаниите во технолошко индустриските развојни зони. Тој посочи дека државата нуди стабилна и предвидлива деловна средина, како и конкретни механизми за поддршка во сите фази од инвестицискиот процес. Посебен акцент беше ставен на потенцијалите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на нови инвестиции, особено во сектори со висока додадена вредност.

    Дополнително, во рамки на настанот беа реализирани и повеќе директни средби со компании, при што беа разменети информации и иницирани конкретни можности за идна соработка.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

    04.08.2026 во 20:47

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.