Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше светската јавност со својата последна објава на „Truth Social“, каде директно се закани со целосно уништување на иранската инфраструктура доколку преговорите не вродат со плод набрзо. Трамп порача дека досега намерно не биле „допрени“ клучните капацитети, но дека трпението на Вашингтон е при крај.
Главниот услов е итно отворање на стратешкиот премин Ормут за светскиот бизнис.
„Ако не се постигне договор наскоро, ќе го завршиме нашиот ‘престој’ во Иран со дигање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг“, напиша Трамп во својот препознатлив остар стил.

