Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    28.03.2026 во 15:20

    33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница

    28.03.2026 во 14:52

    Анестезиолошки техничар го извршил убиството во Охрид

    28.03.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините
    • 33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница
    • Анестезиолошки техничар го извршил убиството во Охрид
    • Спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите – двајца од Крива Паланка ќе одговараат кривично
    • Уапсени двајца скопјани – полицијата ги фати со дрога
    • Мицкоски: Идните политичари мора да се фокусираат на вештачката интелигенција и енергијата
    • Почнува летното сметање на времето
    • Премиерот: Во понеделник очекувам поевтинување на бензините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    28.03.2026 во 15:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ и СДП од Хрватска ја продлабочуваат меѓусебната соработка со конкретни чекори за поврзување на општините и размена на европски искуства, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на заедничката прес-конференција со Синиша Хајдаш Дончиќ.

    „Имавме навистина одлични средби и состаноци, на коишто разменивме знаење, искуства и некои наши согледувања за движењето на политиката, како во регионот, така и во Европа и светот“, рече Филипче.
    Тој нагласи дека СДСМ и СДП се сестрински партии со исти вредности и политики.
    „Имено, ние сме сестрински партии и нашите темелни идеолошки и вредносни политики се практично исти“, потенцираше Филипче.
    Како клучен конкретен чекор од средбата, беше истакнато договореното збратимување на општини.
    „Разговаравме за неколку конкретни теми, имено и за збратимување на општините во коишто СДСМ тука во Македонија и СДП во Хрватска имаат свои градоначалници“, изјави Филипче.

    Преку оваа иницијатива, како што посочи, ќе се овозможи директна размена на искуства, знаење и добри практики, особено во користење на европските фондови и развој на локалните заедници.

    Филипче нагласи дека искуството на Хрватска од членството во Европската унија е особено значајно за Македонија, додавајќи дека ЕУ не треба да се гледа само како цел, туку како средство за подобар живот на граѓаните.

    „Практично, Европската унија да не ја гледаме како наша стратешка цел, туку како инструмент да стигнеме до нашата стратешка цел, а наша стратешка цел е да живееме подобро, поквалитетно“, истакна Филипче.

    Популарно

    Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    28.03.2026 во 15:20

    33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница

    28.03.2026 во 14:52

    Анестезиолошки техничар го извршил убиството во Охрид

    28.03.2026 во 14:42

    Спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите – двајца од Крива Паланка ќе одговараат кривично

    28.03.2026 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.