Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Савески почна со скандал, предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Сашо Мијалков од бомбите

    Димитријевиќ: Савески почна со скандал, предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Сашо Мијалков од бомбите

    28.03.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тука сме пред Јавното обвинителство, затоа што скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сеиозен аларм за она што се случува. Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал. Мандатот на Ненад Савески започна со одлука да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, изјави денеска пред медиумите Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

    Името на Костеска-Здравеска не е непознато. Таа се споменуваше во разговорите од „бомбите“, во комуникација меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде се договара нејзиниот избор.

    „Таа што сме ја договарале“, „Ја квалификувавме како наша“, „Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот“.

    Нејзиниот сопруг исто така, дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски.

    Еве вака почнува мандатот на новиот обвинител.  По теркот на Никола Груевски – со договорени судии и обвинители од „тевтерчето“, кое граѓаните многу добро го паметат.

    Дали оваа одлука е самостојна на обвинителот Савески или е уште една задача дадена од Христијан Мицкоски?

    Затоа што веќе видовме:

    – Мицкоски од собраниска говорница му дели задачи на јавниот обвинител.

    – Советници на власта и сопруги на функционери на ВМРО се избираат за судии.

    – Се води кампања против СЈО за рушење на пресудите и враќање на Никола Груевски.

    – Се подготвуваат нови кампањи преку Боки 13 и Катица Јанева, со веќе видени сценарија.

    – Се спроведуваат црни кампањи и јавен линч против опозицијата.

    Се враќаме во 2016 година!

    Духот на Сашо Мијалков и Никола Груевски не само што е присутен – тој повторно живее во институциите.

    Но граѓаните веќе еднаш го победија тој систем. Ќе го победат повторно, додаде Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.