Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кога пиперката се покачи на 300 денари – на Мицкоски му се покачи рејтингот за 25%

    СДСМ: Кога пиперката се покачи на 300 денари – на Мицкоски му се покачи рејтингот за 25%

    28.03.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ!

    Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ.

    Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!

    Еве што покажува анкетата.

    Пазарниот барометар, односно покачувањето на цените е директно врзано со покачување на рејтингот на Мицкоски.

    Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%, реагираат од СДСМ.

    Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%.

    Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%.

    Граѓаните позитивно оценуваат и сметаат дека сите цени се ниски.

    Така на пример, на прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле „ДА, и тоа веднаш“!

    За цените на горивата 95,5% од граѓаните велат дека треба уште да растат затоа што се најниски во регионот.

    Огромо задоволство на граѓаните има и во однос на покачувањето на платите – 120%!

    99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра, дека е тоа премногу.

    На прашањето дали Христијан Мицкоски треба да купи авион – 97,7% рекле децидно „ДА“!

    Дали му верувате на Христијан Мицкоски – 1000% велат граѓаните.

    Силна поддршка од граѓаните има и за омилените на ВМРО-ОКГ:

    Харис Џиновиќ 92%

    Артан Груби 100%

    Катица Јанева, за три години – скок од 100%

    Боки 13 – 50%.

    Башановиќ-26%.

    Во делот на надворешна политика исто така огромно задоволство.

    Дали државата оди во правец на ЕУ – 1.000.000% велат „ДА“!

    Како ви се допаѓа почесниот конзул Адамовиќ? – над 500% рекле „Одлично“!

    До следното јавување и огромното задоволство на граѓаните следете ги анкетите на ВМРО-ОКГ!, стои во реакцијата на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.