Close Menu
Press24
    Најново

    Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран

    04.08.2026 во 23:46

    СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола

    04.08.2026 во 23:26

    По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    04.08.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран
    • СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола
    • По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец
    • Полицаец камуфлиран како грмушка за шест часа казни 74 возачи
    • На Инфективна се лекуваат 10 пациенти со Западнонилска треска, тројца се во критична состојба
    • Фатен со речиси 400 таблети дрога: СВР Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишник
    • Немал возачка а имал нерегистрирано возило па си го возел: Скопјанец заврши во полициска станица и остана без „мерцедес“
    • Скопјанец ја тепал мајка си, стружанец татко си – полицијата ги приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    27.03.2026 во 17:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје.

    Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот.

    Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.

    Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија.

    Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку  „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

    Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, претседателката укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки коишто не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет.

    За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпциониот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.

    Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на ЕУ, тие се неопходни.

    Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.

    За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.

    Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.

    Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари, меѓу кои и следниве: „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“.

    Прочитај повеќе

    По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    04.08.2026 во 23:23

    На Инфективна се лекуваат 10 пациенти со Западнонилска треска, тројца се во критична состојба

    04.08.2026 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.