Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство

    Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство

    25.09.2026 во 08:43Updated:25.09.2026 во 08:482 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против шест лица за кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ од член 264 од Кривичниот законик.

    Според ОЈО Струга, првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач на работите за уривање на објект на парцела во непосредна близина на заштитената стара струшка куќа на Владо Малески, бил должен да изготви идеен проект со точно утврден начин на уривање.

    Наместо тоа, тој изготвил само основен проект, без предвиден начин на уривање на стариот објект. По неговото отстранување, започнал изградба на нов објект со подрум, приземје и кат. При ископот за подрумските простории, според обвинението, со багер бил поткопан заедничкиот преграден ѕид, што довело до дестабилизација и уривање на соседната куќа, која била заштитена како културно наследство.

    Обвинети се и градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга. Тие, според обвинението, го изготвиле и одобриле одобрението за градење без да биде приложен идеен проект за уривање на претходниот објект, со што му помогнале на првообвинетиот.

    Обвинението го опфаќа и тогашниот градоначалник на Општина Струга, кој го донел одобрението за градење, со кое, спротивно на решението на Управата за заштита на културното наследство, било дозволено изградба на подрум, покрај приземје и кат.

    За помагање на првообвинетиот е обвинета и архитектка-конзерватор во Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Охрид. Според ОЈО, таа изготвила мислење без забелешки за усогласеноста на проектот со насоките на Управата и ја заверила техничката документација, иако во неа била предвидена изградба на подрумски простории спротивно на решението на Управата.

    Со дејствијата на обвинетите, на 15 октомври 2025 година, на улицата „Браќа Миладиновци“ во Струга била оштетена стара струшка куќа на Владо Малески, прогласена за значајно културно наследство.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.