Close Menu
Press24
    Најново

    Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома

    31.05.2026 во 15:37

    Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики

    31.05.2026 во 15:21

    Иран нема да одобри никаков договор со САД без гаранции за неговите права

    31.05.2026 во 15:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома
    • Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики
    • Иран нема да одобри никаков договор со САД без гаранции за неговите права
    • Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
    • Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 jуни
    • Осум загинати и 33 повредени во автобуска несреќа во западна Турција
    • Возел без дозвола и со 2,75 промили алкохол во крвта
    • Филипче: Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Иран дозволи премин на 10 танкери за нафта низ Ормуската Теснина – тоа е голем подарок

    Трамп: Иран дозволи премин на 10 танкери за нафта низ Ормуската Теснина – тоа е голем подарок

    26.03.2026 во 23:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран дозволил 10 танкери за нафта да поминат низ Ормуската Теснина, оценувајќи дека овој потег ја покажува сериозноста на Техеран во преговорите за ставање крај на војната.

    На состанокот на министрите во Белата куќа, Трамп рече дека тоа е „многу голем подарок“ од Иран, кој „вреди огромна сума пари“.

    – Тие рекоа, за да ви покажеме дека сме сериозни и цврсти, ќе дозволиме осум бродови со нафта. Осум големи бродови со нафта. И беа сериозни, на крајот испаднаа 10 бродови – рече Трамп и додаде дека бродовите пловеле под пакистанското знаме.

    Трамп врши притисок врз Иран да се согласи на договор што ќе обезбеди премин на танкери за нафта низ Ормуската Теснина и ќе ја прекине нуклеарната програма на Техеран.

    Американскиот претседател денеска изјави и дека Иран „моли за договор“, еден ден откако Техеран го отфрли неговиот план за прекин на огнот од 15 точки, пренесе Бета.

    Иран им забранува на бродовите што ги смета за поврзани со воените напори на САД и Израел да поминат низ Ормуската Теснина, но дозволува мал број други бродови да поминат низ важниот воден пат, кој транспортира 20 проценти од светската нафта.

    Бројот на жртви од војната, која почна на 28 февруари, се искачи на повеќе од 1.900 во Иран и речиси 1.100 во Либан, а десетици други се убиени во Израел и други земји од Блискиот Исток. Исто така, беа убиени 13 припадници на американската армија. Милиони се раселени во Либан и Иран.

    Прочитај повеќе

    Иран нема да одобри никаков договор со САД без гаранции за неговите права

    31.05.2026 во 15:02

    Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина

    31.05.2026 во 14:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.