Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината

    Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината

    26.03.2026 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Руинирани ходници, откорнати инсталации, искршени прозорци и запуштени простории. Вака изгледа зградата во која треба да работи Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Екипата на Сител влезе во овој објект, кој однадвор изгледа прилично модерно, но внатре има апокалиптични сцени.

    Оваа зграда наместо да биде полна со вработени од Агенцијата, оставена е на забот на времето. Полна е со прашина, крадциte често ја посетуваат, а некогаш е и засолниште за бездомните лица.

    Државата конечно реши да стави крај на оваа негрижа. Потписите се веќе на маса, парите се обезбедени, а реконструкцијата на објектот на Платежната агенција стартува уште утре.

    Директорката за Сител вели дека ревизорите во повеќе извештаи алармирале дека условите во кои работат се далеку од пристојни, особено бидејќи во оваа институција циркулраат голем број на класифицирани податоци, субвенции за граѓаните и европски пари.

    „Просторните услови во коишто во моментов работиме далеку се од доволни и коректни за луѓето кои се внатре. Самите ревизии коишто ги имаме направено од страна на ИПАРД структурите како што се ревизорско тело и Националниот координатор повеќепати укажуваат дека за едно нормалнp фунцкионирање на Агенцијата, поточно несподелување на доверливи информации и изработување на проекти потребни се услови за работа на самите вработени во Агенцијата“, изјави Даниела Иротова Лазарева, директорка на АФПЗРР.

    Градежните работи започнуваат утре. Зградата е изградена од 1980-та, со армирано-бетонска конструкција. За целосна реконструкција издвоени се нешто над 400 милиони денари. Моментално експертите увиделе дека има сериозни оштетувања како влага и протекување, украдени делови од кров и инсталации. Оштетена е фасадата, сите инсталации, како и дел од подовите и таваните.

    Според планот, ќе се менува фасадата, кровот и изолацијата, а ќе се подобрува енергетската ефикасност и хигиено-техничките услови.

    „Вкупната инвестиција за зградава чини 401 милион денари, а ќе се реконструираат околу 8.200 м2, петте ката плус приземје. До крајот на годината “, додаде директорката.

    Во новата зграда до крајот на годината треба да се преселат околу 180 вработени.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.