Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

    Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

    26.03.2026 во 18:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока.

    ,,Колку институции досега се вклучени во системот за електронско управување со документи ЕДМС и кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација. Како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите“,  праша Василевска.

    Василевска потсети дека Европската комисија предложи отворање на преговори за воведување роаминг ,,како дома“ меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, што како што вели таа, претставува значаен чекор кон намалувањето на трошоците за граѓаните и стопанството.

    ,,Во која фаза се наоѓа процесот на отворање и водење на преговорите за роаминг ,,како дома“, и кои се следните институционални чекори на ниво на ЕУ и на национално ниво. Кои законски и регулаторни усогласувања се веќе направени, особено во рамки на измените на Законот за електронски комуникации и дали тие се целосно усогласени со Европскиот кодекс за електронски комуникации и која е реалната временска рамка во која граѓаните на Македонија би можеле да ги почувствуваат придобивките од ромаинг како дома во односите со земјите членки на ЕУ“, прецизираше Василевска.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.