Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска до Трипуновски: Оризопроизводителите се во агонија со цена од 18 денари – каде се ветените 42 денари за арпата

    Лукаревска до Трипуновски: Оризопроизводителите се во агонија со цена од 18 денари – каде се ветените 42 денари за арпата

    26.03.2026 во 15:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции, а паралелно и со откупна цена од само 18 до 23 денари за килограм арпа. Во обраќањето, Лукаревска го повика министерот Трипуновски да одговори кога ќе ја реализира исплатата на субвенциите за оризопроизводителите и дали во таа исплата ќе биде вкалкулирано и барањето на оризопроизводителите за дополнителни 12 денари субвенција за килограм откупена оризова арпа.

    Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Лукаревска:

    Моето пратеничко прашање се однесува на состојбите во оризопроизводството, односно за т.н. „кочанското бело злато“  оризот, кој претставува основна и доминантна земјоделска култура во општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и во делови од општините Карбинци и околните населени места.

    Преку ваши активисти, земјоделци, организиравте протести токму во Кочани и кочанско, барајќи повисока откупна цена за арпата, тогаш на ниво од 42 денари за килограм. Тогаш имаше организиран откуп и постоеше цена, но и покрај тоа, се блокираа патишта и се вршеше силен притисок врз тогашната власт.

    Денес, кога сте на чело на ова министерство, состојбата е драматична. Се намалија субвенциите во земјоделството за 40 милиони евра, а се укинаа и субвенциите на ситните сорти ориз кои се застапени кај нас. Оризопроизводителите се соочуваат со откупна цена од само 18 до 23 денари за килограм арпа, а откупот е во застој или целосно неизвесен.

    Иако на вашиот медиумски настап имате потенцирано дека ќе се подготвува стратегија за оризопроизводство.

    Во ова прашање не ги вклучувам дополнителните мерки кои земјоделците предходно ги користеа, како зелена нафта, субвенции кои што се исплаќаа навремено, па дури и предвремено, и ќе се држиме исклучиво на овој предизвик – откупот и цената. Оризопроизводителите алармираат дека не можат да се подготват за новата реколта, затоа што не се исплатени субвенции за 2025 година, а веќе завршува едно тромесечие од 2026 година.

    Дополнително, загрижува и состојбата со довербата во институциите во рамки на вашето министерство, за што сме сведоци сите. Не би сакала тука да зборувам и за суспендирањето на европските средства од ИПАРД-програмата. Сето ова остава еден лош впечаток кон една од најважните гранки во државата.

    Кога ве повикаа оризопроизводителите, се сретнавте пред два месеци, таму им напоменавте дека се ќе биде во ред, но денес е евидентно незадоволството.

    Моето конкретно прашање до вас е кога ќе ја реализирате исплатата на субвенциите за оризопроизводителите и дали во таа исплата ќе биде вкалкулирано и барањето на оризопроизводителите за дополнителни 12 денари субвенција за килограм откупена оризова арпа?

    Ова не е политичко, туку егзистенцијално прашање за илјадници семејства, и оризопроизводителите очекуваат точен одговор.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.