Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми

    26.03.2026 во 13:49

    ЕСМ за случајот во РЕК Битола: Вработените се со лесна клиничка слика, кујната е затворена како превентива

    26.03.2026 во 13:45

    Утре ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини

    26.03.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми
    • ЕСМ за случајот во РЕК Битола: Вработените се со лесна клиничка слика, кујната е затворена како превентива
    • Утре ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини
    • Дурмиши: Мерките даваат резултати, инфлацијата паѓа
    • Жерновски: Мицкоски ја турка државата во изолација и во скутот на Орбан поради бизнис интереси
    • Мицкоски: Доста е со предмети во фиока, новиот јавен обвинител мора да ги процесуира извештаите од ревизијата
    • Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош
    • Го удирал со тупаници, шамари и клоци па го фатил за коса и го подигнал: Охриѓанец крвнички го претепал 10-годишниот син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми

    Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми

    26.03.2026 во 13:494 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба.

    „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини, незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба. Денес во услови на криза, не цели две години потоа, година и половина, имаме 150-160 илјади тона јаглен депонирани на двете депонии во Битола и во Кичево, имаме акумулации на околу 40 проценти количина на вода, обезбедени количини на гас заклучно со месец април потребен за затоплување на Скопје, и во моментов АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, извезува во ноќните часови во вредност којашто носи на компанијата околу 100 до 150 илјади евра на ден, во зависност од количината и цената на берзите во денот. И ова е состојбата во услови на најголемата енергетска криза за којашто експертите велат дека е поголема од онаа енергетска криза во седумдесеттите години на минатиот век, кога дневно недостасувале околу 8 до 10 милиони барели нафта, а денес меѓу 11 и 12 милиони барели нафта. Волуменот на кризата е сличен. И ние во пикот на оваа криза не само што сме стабилни туку и извезуваме стабилност во регионот, нешто што до сега е невидено од нашата држава во услови на криза“, потенцираше Мицкоски.

    Мицкоски оцени дека со тоа репутацијата на Македонија е променета до степен дека се бара помош од нас.

    „Во услови на епска криза ние, компанија од Македонија, снабдуваме неколку аеродроми со керозин. Замислете сега ние да донесеме одлука на Влада, да нема изнесување. Тие аеродроми ќе се снајдат, но со поинаква цена. Но тоа директно ќе влијае на картите авионски, на транспортните трошоци, директно ќе влијае на инфлацијата во тие држави. Тоа го прави оваа Македонија денес. Не онаа којашто правеше свадба на граничен премин за донација од 5.000 вакцини, туку оваа Македонија денес“, посочи Мицкоски којшто ги искоментира и предлозите од опозицијата во врска со надминување на енергетската криза, како популизам и предлози коишто и самите тие кога имаа можност не ги применуваа во кризни периоди.

    Мицкоски во одговорот ги посочи и плановите за предлог за заеднички настап на регионот пред светските инвеститори, а во врска со светските состојби и потреба од електрична енергија.

    „Токму затоа мислам дека е добро за целиот регион, бидејќи прашавте за идните планови, а за тоа ќе зборувам на следниот Самит ЕУ, Западен Балкан во Подгорица во јуни, да се организираме регионално. Преносните мрежи, далекуводните, гасните конектори и цевководи немаат шенген, тие се интегрирани во европскиот систем. Нема преговори или Уставни измени. И тоа е наша предност како регион, нема да бидеме препознаени ако одиме секој сам, индивидуално нема да бидеме препознаени од светските инвеститори. Го зборував ова во едно интервју, каде ја гледам шансата. Директорот на светската енергетска агенција, Фатих Бирол, со мене беше на панел во Давос, вели, во следната деценија во светот ќе недостасуваат 40 илјади теравати инсталиран капацитет. Како регион ако си поставиме цел, здружено да се претставиме пред потенцијалните инвеститори, и од тие 40 илјади теравати, да донесеме 0,01 процент. Тоа е 4 теравати, тоа се 4 трилиони американски долари инвестиции. Поделено на 10 години тоа се 400 милијарди долари годишно. Потенцијални инвестиции во делот на енергетиката, регионална иницијатива. Ако успееме ова како држави од регионот да го направиме, верувајте ќе бидеме препознаени од инвеститорите и ќе го трансформираме нашето општество, бидејќи, вкупните наши вредности на номинален БДП се околу 250 милијарди долари. А замислете да донесеме 0,01 процент ако ги донесете тука, а имаме можност тоа да го направиме. Второ е прашањето дали имаме доволно градежна оператива, преносни врски, логистика за сето тоа, тоа е прашање на организација. Но прво треба сите ние да сме свесни дека ова е проект којшто нас не обединува и прави трансформација на нашите економии и на нашите системи“, оцени премиерот Христијан Мицкоски во одговор на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

    Популарно

    Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми

    26.03.2026 во 13:49

    ЕСМ за случајот во РЕК Битола: Вработените се со лесна клиничка слика, кујната е затворена како превентива

    26.03.2026 во 13:45

    Утре ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини

    26.03.2026 во 13:37

    Дурмиши: Мерките даваат резултати, инфлацијата паѓа

    26.03.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.