Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола, велат од АД ЕСМ и ЕСМ Молика.
„Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело
превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините.
Според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.
Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми.
Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.
Имено, Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на
Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.
Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.
Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.
Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди.
Политичките партии да се воздржат од шпекулации со кои се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да
ги утврдат причините“, стои во соопштението од АД ЕСМ и ЕСМ Молика.
- ЕСМ за случајот во РЕК Битола: Вработените се со лесна клиничка слика, кујната е затворена како превентива
- Утре ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини
- Дурмиши: Мерките даваат резултати, инфлацијата паѓа
- Жерновски: Мицкоски ја турка државата во изолација и во скутот на Орбан поради бизнис интереси
- Мицкоски: Доста е со предмети во фиока, новиот јавен обвинител мора да ги процесуира извештаите од ревизијата
- Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош
- Го удирал со тупаници, шамари и клоци па го фатил за коса и го подигнал: Охриѓанец крвнички го претепал 10-годишниот син
- Возел пијан и без дозвола: Обвинителството побара притвор за 21-годишникот кој усмрти пешак во Марино

