Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Мицкоски ја турка државата во изолација и во скутот на Орбан поради бизнис интереси

    Жерновски: Мицкоски ја турка државата во изолација и во скутот на Орбан поради бизнис интереси

    26.03.2026 во 13:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати остри обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека неговите политики водат кон изолација на Македонија и нејзино оддалечување од Европската Унија. Според Жерновски, стратешката позиција на државата е загрозена преку, како што рече, „сомнителни финансиски текови“ и влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

    Жерновски се повика на пишувањата на „Вашингтон пост“, нагласувајќи дека поврзаноста меѓу официјално Скопје и Будимпешта има подлабока геополитичка заднина.

    „Орбан е пријател на Путин и на Русија, а пријателот на пријателот на Русија, со име Христијан и презиме Мицкоски, е прокси играчот на Русија во овој регион. Ете зошто и на кого мислеше еврокомесарката за проширување кога зборуваше за тројански коњи“, изјави Жерновски.

    Тој ја проблематизираше и унгарската кредитна линија од една милијарда евра, посочувајќи дека во исто време Унгарија се задолжила кај Кина за истата сума. Според СДСМ, влијанието на Орбан во земјава се шири и преку телекомуникациите, енергетиката и контролата врз дел од медиумите, додека Владата свесно го одбива патот кон Брисел.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.