Close Menu
Press24
    Најново

    Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош

    26.03.2026 во 12:55

    Го удирал со тупаници, шамари и клоци па го фатил за коса и го подигнал: Охриѓанец крвнички го претепал 10-годишниот син

    26.03.2026 во 12:46

    Возел пијан и без дозвола: Обвинителството побара притвор за 21-годишникот кој усмрти пешак во Марино

    26.03.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош
    • Го удирал со тупаници, шамари и клоци па го фатил за коса и го подигнал: Охриѓанец крвнички го претепал 10-годишниот син
    • Возел пијан и без дозвола: Обвинителството побара притвор за 21-годишникот кој усмрти пешак во Марино
    • Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар
    • Манасиевски: Филипче ја претвори СДС во „прокси“ партија под диктат на Заев и Башановиќ
    • Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја
    • Времето се менува, не планирајте прошетки за викендот: УХМР најавува студен бран и засилен ветер
    • Државата почна да го враќа „данокот на солидарност“: Исплатени првите 990 милиони денари кон компаниите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош

    Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош

    26.03.2026 во 12:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос.

    Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното одделение во Битола. Од АХВ информираат дека се земени мостри од храната, како и брисеви од вработените и работните површини.

    „Во согласност со Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е привремено затворена, односно дадена е забрана за вршење дејност подготовка и послужување храна од неа сè до завршување на инспекциската постапка и добивање уредни наоди“, соопштија од АХВ.

    Додека трае истрагата, работниците во РЕК „Битола“ добиваат сув ладен оброк. Од хотелот „Молика“, кој управува со кујната, тврдат дека станува збор за изолиран случај со лесна клиничка слика кај одреден број вработени.

    Популарно

    Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење: Над 110 работници побарале лекарска помош

    26.03.2026 во 12:55

    Го удирал со тупаници, шамари и клоци па го фатил за коса и го подигнал: Охриѓанец крвнички го претепал 10-годишниот син

    26.03.2026 во 12:46

    Возел пијан и без дозвола: Обвинителството побара притвор за 21-годишникот кој усмрти пешак во Марино

    26.03.2026 во 12:43

    Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар

    26.03.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.