Close Menu
Press24
    Најново

    Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар

    26.03.2026 во 12:35

    Манасиевски: Филипче ја претвори СДС во „прокси“ партија под диктат на Заев и Башановиќ

    26.03.2026 во 12:30

    Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

    26.03.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар
    • Манасиевски: Филипче ја претвори СДС во „прокси“ партија под диктат на Заев и Башановиќ
    • Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја
    • Времето се менува, не планирајте прошетки за викендот: УХМР најавува студен бран и засилен ветер
    • Државата почна да го враќа „данокот на солидарност“: Исплатени првите 990 милиони денари кон компаниите
    • Започна силната снежна бура на Балканот
    • Цените на нафтата растат, златото паѓа
    • Морничаво признание за „Рибникар“: „Да не беа пиштолите на татко ми, немаше да го направам ова“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар

    Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар

    26.03.2026 во 12:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на состојбата со цените, нивниот раст и економската криза која се чувствува кај граѓаните. Тој посочи дека цените на основните прехранбени производи, вклучувајќи деривати, значително пораснале и дека тоа директно влијае врз секојдневната потрошувачка и семејните буџети, предизвикувајќи сериозни последици врз економската состојба на населението.

    Во продолжение претставуваме интегрален текст од прашањето:

    Во однос на првото прашање сакам да поставам и да кажам неколку збора во однос на состојбата која е моментална со цените, со растот на цените и економската криза која генерално веќе тропа на секоја врата во македонското општество.

    Сите сме сведоци дека ова е глобална криза која настапува и таа глобална криза сигурно ќе предизвикува негативни ефекти врз македонската економија, а на тој начин ќе предизвикува негативни ефекти и врз македонските семејства, македонските граѓани.

    Факт е дека во Македонија цените на нафтените деривати поскапеа, затоа се преземаа мерки за коишто сметам дека не се навремени и тоа го покажаа резултатите. Меѓутоа, сето тоа ќе ефектуира и врз растот на цените во маркетите, односно директната дневна потрошувачка за потребите на живеењето на сите граѓани.

    Еве, на пример, за една недела ќе прочитам неколку цени коишто биле променети и морам да кажам дека така тивко се менуваат:

    • Зејтинот 74 денари бил, сега од 93 до 118

    • Кафето било 104 денари мината недела, сега е 120 до 140 денари

    • Меленото месо било околу 638, сега е 730 до 849

    • Пилешкото месо 376, сега е 401 до 493

    • Млекото 56, сега е 67 до 78

    • Јајцата 103, сега се до 148

    Сега, во моментот, имаме едно навистина сериозно, брутално поскапување на цените на прехранбените продукти, основните прехранбени продукти, пред сè зеленчукот и овошјето. На пример, денес на пазар пиперките се околу 300 денари, а доматите се околу 200 денари и малку повеќе од 200 денари.

    Моето прашање е: Дали вие како Министерство за економија предвидувате соодветни мерки коишто ќе значат подобрување или ублажување на оваа кризна состојба во кој било тип? А зошто тоа го кажувам? Бидејќи сето ова има дополнителна тежина, бидејќи вие во ваше соопштение кажувате дека Министерството за економија и труд во 2025 година преку ограничувањето на маржи на 102 групи производи и цени на осум групи основни прехранбени производи ја стабилизира инфлацијата.

    Основувајќи се на ова, прашањето е дали сега моментално преземате мерки. Мислам дека е крајно време тоа да го правите час поскоро, бидејќи ние можеме да правиме статистики, просечни статистики итн., меѓутоа секој ден, секој човек кој оди во маркетите може да ги види цените коишто растат, иако за тоа не се преземаат навремени мерки мислам дека понатаму ќе биде се задоцнето.

    Популарно

    Спасовски со листа на поскапувања: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени, граѓаните се на удар

    26.03.2026 во 12:35

    Манасиевски: Филипче ја претвори СДС во „прокси“ партија под диктат на Заев и Башановиќ

    26.03.2026 во 12:30

    Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

    26.03.2026 во 12:20

    Времето се менува, не планирајте прошетки за викендот: УХМР најавува студен бран и засилен ветер

    26.03.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.