Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

    Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

    26.03.2026 во 12:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беа теми на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој за прв пат се одржува во Брисел.

    Во своето воведно обраќање, министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската интеграција, но и на институционалното зајакнување на државата.

    „Реформата на јавната администрација останува клучен приоритет на Македонија, како во процесот на европската интеграција, така и во унапредувањето на функционирањето на институциите на национално ниво. Нашата определба е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги ориентирани кон граѓаните и бизнисите.“ – нагласи Минчев.

    Минчев се осврна и на последните наоди од извештаите на Европска комисија и оценките на SIGMA, нагласувајќи дека тие претставуваат важен инструмент за насочување на реформските активности.

    „Македонија се движи напред. Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот е конкретен и мерлив“ – потенцираше министерот.

    Едновремено истакна и дека европската перспектива на државата се гради врз основа на демократските вредности, но и со јасна почит кон националниот идентитет, јазикот, култура и историскиот континуитет на македонската држава.

    „Нашата европска перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на националниот идентитет, македонскиот јазик и културниот и историскиот континуитет на Македонија. Станува збор за вредности кои се длабоко втемелени во нашето демократско уредување и кои се дел од процесот на институционално јакнење и развој“ – заклучи министерот, нагласувајќи дека токму преку силни, професионални и отчетни институции се зајакнува и демократската основа на државата.

    Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на доследна имплементација на започнатите реформи и на испорачивање на конкретни резултати за во интерес на граѓаните и бизнис заедницата.

    Состанокот на Специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.