Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
    • Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
    • Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
    • Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Со намалување на ДДВ за горивата на 10% директно го штитиме стандардот на граѓаните

    Бојковска: Со намалување на ДДВ за горивата на 10% директно го штитиме стандардот на граѓаните

    26.03.2026 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10%.

    „Нашата Влада и нашата држава овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаме начин и се однесуваме соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во коишто директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост којашто ја направивме, најпрво во прва мера во којашто се свика Советот на безбедност од аспект на безбедносната, состојба во којашто утврдивме дека се наоѓаме на стабилно ниво, а потоа и кога се работи од економски аспект го намаливме ДДВ-то на горивата од 18 на 10%, со што директно всушност се влијае на добробитот на граѓаните во ефект на држењето на ценовната стабилност на горивата“, рече Бојковска.

    Бојковска исто така посочи дека СДС создава ситуација на расфрлање пердуви кога нешто нудат, а по неколку дена од истото се одрекуваат и истакна дека во 2022 година инфлацијата била енормно висока, со што ДДВ-то на 2.000 прехранбени производи било покачено од 5 на 10%. 

    „Мене една работа ми е чудна и нејасна,  можеби и на самите граѓани а тоа е она состојба во којашто многу често веќе СДС  ја презентира и ја истакнува пред македонската јавност, а тоа е кога нешто нуди и после неколку дена од истото се одрекува или создава една ситуација на расфрлање на пердуви. Непосредно пред да се донесе самата мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, неколку дена претходно лидерот на СДС излезе на прес-конференција бараше намалување на ДДВ-то на горивата, излеговме еве со меркава за намалување, истото беше и со ситуацијата за мигрантите, истото беше и со предложување на Резолуцијата за црвените линии па не ја видовме“, рече Бојковска и додаде:

    „Во 2022 година беше инфлацијата двоцифрена и се донесе тогаш намалување на ДДВ-то, а потоа истите тие го покачија на 2.000 прехранбени производи од 5 на 10%. Ние сме пример за регионот по тоа што имаме најниско и најстабилно ниво на цената на нафтата“.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето

    10.06.2026 во 17:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.