Close Menu
Press24
    Најново

    Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира

    25.03.2026 во 21:09

    Земјотрес ја стресе Македонија

    25.03.2026 во 21:01

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие сте пропаднати

    25.03.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие сте пропаднати
    • Филипче: Мицкоски е прокси руски играч
    • Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО
    • Филипче: Денеска пред ЦО ја презентирам новата Платформа на СДСМ
    • 70-годишник натепан од неговиот сосед
    • Муцунски во работна посета на Полска: Потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира

    Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира

    25.03.2026 во 21:092 Mins Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска изјави дека „разговорите продолжуваат“ меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и оти американскиот претседател Доналд Трамп „сака мир“, но доколку Иран не сфати дека е поразен, земјата ќе биде погодена со напади „посилно од кога било досега“.

    Ливит, говорејќи за преговорите за прекин на војната во Иран на конференција за новинари во Белата куќа, рече дека Трамп „не блефира и е подготвен да ослободи пеколот“.

    – Иран не би требало повторно да згреши. Нивната последна погрешна проценка ги чинеше нивното највисоко раководство, нивната морнарица, нивното воено воздухопловство и нивниот систем за противвоздушна одбрана – рече Ливит.

    Според неа, „секое насилство по оваа точка ќе биде затоа што иранскиот режим одбива да сфати“.

    Ливит рече дека САД се „многу блиску до исполнување на основните цели“ на операцијата „Епски бес“ (Epic Fury) во Иран. Таа додаде дека Трамп проценил оти операцијата ќе трае четири до шест недели, но по 25 дена од почетокот, „најголемата војска што светот некогаш ја видел е пред рокот и функционира исклучително добро од ден на ден“.

    Ливит изјави дека САД продолжуваат да ги „десеткуваат“ целите во Иран и дека операцијата „Епски бес“ е голем „воен триумф“ во кој се погодени „повеќе од 9.000 непријателски цели“.

    САД досега, според неа, уништиле повеќе од 140 ирански бродови.

    – Иранските напади со балистички ракети и нападите со дронови се намалени за приближно 90 отсто – рече Ливит, додавајќи дека САД „систематски ја демонтираат“ иранската одбранбена индустриска база.

    Таа изнесе податок и дека неколку бомби од по 2.200 килограми биле фрлени за време на викендот врз ирански подземни постројки каде се складираат ракети и оружје.

    Ливит нагласи дека нема да навлегува во „суштината“ на преговорите, и дека иако постојат „елементи на вистина“ во наводниот план од 15 точки, не се точни сите детали објавени во медиумите.

    На прашањето дали САД би можеле да испратат копнени трупи доколку преговорите пропаднат, таа одговори дека тоа е „хипотетичко прашање“ и одлука на врховниот командант.

    Иранските државни медиуми претходно пренесоа изјави на висок претставник кој ги нарече американските барања „претерани“ и порача дека војната ќе заврши кога Иран ќе одлучи. 

    Популарно

    Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира

    25.03.2026 во 21:09

    Земјотрес ја стресе Македонија

    25.03.2026 во 21:01

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие сте пропаднати

    25.03.2026 во 20:35

    Филипче: Мицкоски е прокси руски играч

    25.03.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.