Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Никој не е сам – обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти

    Ѓорѓиевски: Никој не е сам – обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти

    25.03.2026 во 17:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заедно, кога е најпотребно!, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите, истакна Ѓорѓиевски.

    „Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти – како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба.

    Право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).

    За остварување на правото, потребно е да се достави:

    – барање за еднократна финансиска помош

    копија од важечка лична карта

    – документ од надлежен орган или институција што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа)

    – копија од трансакциска сметка (лична на барателот)

    – потврда дека барателот спаѓа во категоријата онколошки пациент

    – документацијата да не е постара од 6 месеци од поставување на дијагнозата

    Барањето, заедно со целокупната документација, се поднесува преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: ,,Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.

    Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам.

    Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага.

    Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува.

    Заедно сме посилни“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.