Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши со амбасадорот на Јужна Кореја: Поддршката за нов секретар на ИПУ во фокусот на средбата

    Гаши со амбасадорот на Јужна Кореја: Поддршката за нов секретар на ИПУ во фокусот на средбата

    25.03.2026 во 16:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес го прими амбасадорот на Република Кореја во Скопје, Н.Е. Ким Донгбае. На средбата учествуваа и пратениците Оливер Спасовски, Бобан Карапејовски и Арбана Пашоли, членови на делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ).

    Главна тема на средбата беше кандидатурата на Република Кореја, која за генерален
    секретар на ИПУ го кандидира Сангсу Џун. Претседателот Гаши ги повика на средба пратениците, членови на Управниот совет на ИПУ, имајќи предвид дека тие ќе учествуваат во гласањето за избор на нов генерален секретар на организацијата, кое ќе се одржи на 19 април 2026 година, во рамки на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул.

    Во таа насока, беше истакнато дека Собранието ќе го земе предвид секој кандидат за генерален секретар на ИПУ со должно внимание и врз основа на темелно разработен став, при што беше подвлечено дека иднината на организацијата зависи и од тоа колку нејзиното раководство ги препознава и застапува интересите на помалите и средните парламенти.

    Соговорниците разговараа и за можностите за подобрување на билатералните парламентарни односи.

    На крајот на средбата беше изразена заедничка определба за продлабочување на парламентарната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Кореја, на билатерален и мултилатерален план, особено во рамките на Интерпарламентарната унија.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.